img_26961250 грама мунго грав
3 големи лажици хељда
3 големи лажици овесни снегулки

1 главица кромид
3 чешниња лук
Сол, бибер,црвен пипер, ким, оригано и ѓумбир
400 мл вода

Гравот се остава да стои во вода околу 12 часа. Сите состојки се ставаат во блендерот, само водата ја додавате постепено. Прво ставете 200мл вода, блендајте два пати на програмата со 35 секунди, потоа додадете уште 200мл вода и блендајте уште два пати на 60 секунди или се додека не добиете хомогена смеса за палачинки.
Потоа дирекно од блендерот ставате од смесата на загреано тавче и си формирате палачинка.
Имајте предвид дека оваа смеса за палачинки е малку погуста и ќе треба со лажица да ја формирате палачинката.
Гравот, ја впива водата лесно па додека ги правите палачинките смесата може да се згусне,  слободно додадете малку вода и изблендирајте неколку секунди.

Доколку не сакате да ги направите сите палачинки одеднаш, можете да ја чувате смесата во фрижидер до два дена. Очекувајте дека смесата ќе се згусне и само треба да додадете вода пред да ги правите палачинките.
Можете да ги филувате по желба… со сос од домати, сиренце или маслинки…со нешто свежо како марула, рукола, рендано цвекло или морков.  Уживајте!

img_26401img_26891img_26871

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *