Времето е одлично за нови вкусови, топли напитоци и експериментирање со Омнибленд.
Не знаеме какво име да му дадеме на напитокот, му доаѓа нешто како топло чоколадо, топло смути, нешто како чоколаден салеп… нешто како не се опишува со зборови! Пробајте и направете си!
Потребни состојки – 5 мали лажици хељда, 2 мали лажици лен, 1 мала просо, 1 мала сончоглед, неколку лешници, 5 урми, 1 лажичка какао и пола цимет.
Топла вода прво ставате 350мл. и одкако ќе блендате два пати на автоматската програма 90 секунди додавате уште 300мл. топла вода и повторно блендате. Толку е… останува да уживате!
Хељдата е одличен извор на железо, магнезиум и цинк, може да се пофали со витамини од групата Б и богата е со протеини. Не содржи глутен, го стабилизира нивото на шеќер во крвта, помага при намалување на килогамите и создава чуство на ситост!