150 гр наут
2 лажици таан
3 до 4 чешниња лук
1 исцеден лимон
Зачини: прстофат коријандер, сол, бибер и црвен пипер

Ставете го наутот да кисне преку ноќ за побрзо да го сварите. Вода ставате колку да го покриете наутот во тенџерето. Го варите околу 30-тина мин. Одкако ќе се олади малку, го ставате во Омнибленд заедно со другите наведени состојки, освен маслиновото масло кое го додавате на крај. Додавајте од водата во која се варел наутот. Во зависност од тоа колку густ го сакате намазот додавате вода. Додека блендирате постојано вртете со тамперот бидејќи смесата е погуста и е потребно мешање.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *