DSCN9357

100 гр јачмен со лушпа го оставате да кисне  12 часа. Потоа го распоредувате во саксија и го покривате со тенок слој земја, која не ја притискате, само покријте го јачменот. Саксијата ставете ја покрај најсветлиот прозор. После 3 до 4 дена јачменот ќе никне.

јачмен

 

DSCN9122

DSCN9160Околу 10 -от ден јачменот ке порасне околу 10 cm и тогаш веќе ќе можете да си ја направите првата тура на сок од јачмен. Ја шишате тревата од јачмен и оставате 2 cm и чекате уште 5 до 7 дена за следна тура. Јачменот можете да го шишате три пати.

DSCN9330Јачменовата трева ја миете и ја ставате во Омнибленд со една чаша вода. Блендате кратко и потоа ја прецедувате водата на парче газа. Водата можете да си ја замрзнете и коцките да ги употребувате во смуди или само да ги растворите со вода и по желба можете да додадете лажица мед или некој друг засладувач.

сок од јачменова трева

logo9.jpgDSCN9337

Сок од јачменова трева

Сок од јачменова трева 2

DSCN9354

DSCN9357

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *