Совети

За да добиете максимум од вашиот блендер и да го продолжите неговиот живот значително подолго, од исклучителна важност е да знаете како правилно да ракувате со него и да приложите правилна грижа.

  • Никогаш не оставајте ножот да врти на празно. Обично тоа се случува кога се блендираат суви продукти во мали количини, запрете ја работата на блендерот, додадете повеќе продукти и користите го стапчето да ги буткате кон ножот, доколку се лепат на ѕидот. Втор случај би можело да биде доколку сте ја натрупале чашата со големи парчиња, а без течност. Користете го стапчето или ставете доволно течност за полесно блендирање.
  • Стапчето за буткање (тамперот) е многу важен помошен дел од вашиот блендер. Користете го во сите случаи кога блендате густа содржина или имате малку течност во смесата.
  • Секогаш ставајте ги посочните делови (како портокал, киви, лимон) во најдолниот дел, така полесно ќе започне блендирањето.
  • Кога правите смути или кашести сокови, секогаш ставајте по неколку коцки лед, бидејќи доколку блендате подолго од брзината на ножот смесата се загрева. Ставете повеќе коцки лед, доколку блендирате подолго време за поглатка смеса.
  • Што се однесува до остатоци од вода и впивање вода во блендерот, самиот мотор е толку здрав што дури и по впивање на вода, во повеќето случаи моторот повторно ќе работи. Сепак е препорачливо да се внимава да не се истура вода, исто така да нема вода под самиот блендер, т.е. на работната маса. Бидејќи самиот вентилатор за ладење може да ја впие водата внатре во блендерот и да создаде проблеми. Доколку се случи тоа, земете фен за коса и пуштете топол воздух неколку минути низ дупки за вентилација под блендерот. Затоа чувајте ја работната маса чиста и сува.
  • Блендирање околу нечиста и валкана површина на работната маса ќе го скрати животот на вашиот блендер. Моторот има четкички. Тие се трошат значително побрзо кога вашиот блендер е изложен на нечиста површина и работна средина. Делови од храна може да бидат смукнати во моторот и може да се создаде совршено гнездо дури и за инсекти.
  • Не оставајте вода и течност да стои долго време во вашиот блендер, подобро истурете ја смесата во друг сад. И после миењето, нека се исцеди водата од чашата.
  • Никогаш не правете пире од варен компир во блендерот. Поради силните вртежи на ножот се случува реакција на скробот и наместо пире ќе добиете лепило и ќе го фрлите.
  • За крај повторно – за да ги осетите вистинските благодети од вашиот блендер, треба да знаете како да работите со него. Посветете доволно време да се едуцирате. Постојат огромен број на видеа и рецепти каде што може да видите безброј нови идеи кои ќе ги отворат вашите видици за работи за кои не сте ни замислувале дека можат да се прават. Не се ограничувајте со рецепти што се правени само со Омнибленд, туку гледајте и рецепти од други моќни блендери како Vitamix, Blendtec и приложете ги на вашиот Omniblend.
  • За секакви дополнителни прашања, слободно пишете ни.
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *