Рецептурата е едноставна! Три состојки – банани, смокви и ореви!
Бананите – смрзнати 180 гр. , смоквите свежи излупени – 320грама и оревите мелени – 50 гр. Блендате се заедно, ставате дополнително сецкани смокви и повторно во замрзнувач. Слободно експериментирајте со количините на состојките. Пред да го послужите сладоледот имајте предвид дека ќе треба половина час порано да го извадите сладоледот од замрзнувач за да можете да формирате топчиња.