IMG_2371-1024x683

Путерот од кикирики има доста позитивни препораки кои би требало да ве инспирираат да го вметнете во вашата секојдневна исхрана. Кикириките се богати со протеини, со назаситени масти кои се здрави за срцето и се добар извор на витамини (Б, Е) и минерали (калиум, магнезиум). 
Не знам на колку ви е познато, но кикириките растат под земја! И, не се работи за јаткаст плод, туку се работи за зеленчук… да, кикириката е мешунка, прва братучедка со гравот и грашакот!
Во овој период од годината ги има во изобилие на струмичкиот пазар, лупени и нелупени…се собираат во есен и можете да ги најдете на пазарот до рана пролет. Одкако ќе подржите локално производство со купување на стурмичка кикирика, време е да го активирате вашиот блендер и да направите путер од кикирики.

За тоа задоволство ќе ви биде потребен блендер Омнибленд и следните состојки-

500 гр. кикирики
прстофат сол
2 големи лажици масло

Потребни се  500 гр кикирики со црвена лушпа, непечени и несолени. Кикириките се печат на 180 степени околу 15 – тина минути. Бидете внимателни, бидејќи треба многу малку за кикириките да изгорат,  а за путерот нас ни е потребно само да заруменат. Се чека да се подоладат и се лупат барем пола или додека имате трпение, другите се ставаат со лушпа.
Додека се уште топли се ставаат во блендерот и се блендираат 4 до 5 пати на 35 секунди, со мали паузи помеѓу за да не се загрее премногу смесата. Ги ставате само кикириките, останатите состојки ги ставате покасно одкако ќе се ослободи маслото од кикириките и смесата ќе стане мазна и скоро течна. При блендирањето, особено на почетокот, вртите со стапот/тамперот се додека путерот не стане течен, кремаст, кога веќе ќе нема потреба дополнително да мешате. На крајот ги ставате маслото и солта и повторно блендирате кратко.
Ви препорачуваме да го намачкате путерот на некое суво колаче и да додадете суво грозје или искомбинирајте го со мед на палачинки од хељда. Или едноставно, на топло лепче го мачкате путерот и си додавате мед по желба. Добар апетит!

IMG_2366-1024x683

IMG_2375-683x1024

IMG_2386-1024x683

IMG_2405-1024x683

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *