IMG_546811Наутот или кај нас повеќе познат како леблебија, e присутен во источната кујна како фалафел и хумус, а во медитеранскиот дел на Италија, Франција, Шпанија како палачинки или тенко лебче кое се продава како улична храна. Палачинките се исклучително лесни да се направат и се одлична здрава варијанта доколку сакате да ги замените нашите класични палачинки со нов вкус.

Наутот е мешунка која е неизоставен дел од вегетарјанската трпеза бидејќи е одличен извор на протеини, влакна, витамини и минерали. Од витамините се истакнува витаминот Б, а од минералите железото, магнезиумот и калциумот. За да се апсорбира подобро железото, се препорачува наутот да го комбинирате со храна која содржи високо ниво на витамин Ц, на пр. со црвена пиперка или домат. При редовно конзумирање помага во регулирање на шеќерот кај дијабетесот, го чува срцето и има антивоспалителни својства. Доколку сакате повеќе инфо, неколку зборови што ќе ви помогнат полесно да се најдете со наутот на интернет се „chickpeas” , „garbanzо beans” и „слануток“.
IMG_543211
Со Омнибленд  можете сами да си го направите брашното и за тоа ќе ви треба 1 минута и 15 секунди! Свежо мелените брашна имаат многу подобри нутритивни вредности од брашната што стоеле долго време мелени по полиците на маркетите.

IMG_543611За да ги направите палачиниките ќе ви биде потребно:
200гр наут
500гр вода
1 главица кромид
2 чешни лук
Зачини – сол, бибер, оригано, куркума и ким
Малку масло или путер
Одкако ќе го направите брашното прво додадете 250 мл вода и блендајте додека не добиете кремаста смеса. Одкако ќе се соединат водата и брашното, го додавате и останатиот дел од водата и другите состојки. По желба може при крајот да додадете кромид и магдонос и кратко да се изблендаат за да останат парченца да се познаваат на палачинката кои ќе дадат интересна текстура.
Ако имате прилика почекајте смесата да одстои 15-тина минути и потоа дирекно од блендерот ставате од смесата на загреано тавче и си формирате палачинка.  Наутот ја впива водата лесно па додека ги правите палачинките смесата може да се згусне, слободно додадете малку вода и изблендирајте неколку секунди.

Можете да ги полните палачинките по желба…со мајонез од индиски ореви, рендано цвекло или морков, маслинки, сирење, и да зазелените со марула и рукола. Пренајвкусни се! Викнете си ја бандата и откријте им ги палачинките со наут. Добар апетит!

  image_2-1024x683IMG_548611

 

 

 

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *