DSCN482812

300гр наут
6 до 7 големи листови блитва
1 главица кромид
3 лукчиња
600 ml вода

1 јајце ( по желба, брашното од наут лесно врзува со водата, така да палачинките ќе се направат и без јајце )
зачини- сол, бибер, ким, црвен пипер и оригано

Ставете 300 гр наут во Омнибленд чашата. Сомелете го наутот прво на MEDIUM, потоа на HIGH и повремено може да притиснете на PULSE. За кратко време ќе добиете брашно од наут со прекрасна жолта боја.
image_3-1024x683image_4-1024x683Потоа ги додавате другите состојки и блендирате за да добиете смеса за палачинки. Зелена смеса за палачинки! Смесата може да стои во фрижидер уште еден ден, така да не мора да ги правите сите палачинки одеднаш, доколку немате потреба.
Дирекно од блендерот ставате од смесата на загреано тавче и си формирате палачинка. Доколку е смесата густа може да ја формирате палачинката со лажица или шпатула. Наутот ја впива водата лесно, па додека ги правите палачинките смесата може да се згусне,  слободно додавајте по малку вода и изблендирајте неколку секунди.
Можете да ја филувате по желба… со охридско макало, песто или мајонез од индиски ореви, па додадете марула, рукола, рендано цвекло или морков, маслинки…итн.

Уживајте во превскусните палачинки!

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *