IMG_0992113IMG_094833

500 грама лешници

100 грама црно чоколадо

1 голема лажица кокосово масло

2 мали лажички какао

прстофат сол

(по желба може да се додаде мед или агаве  сируп)

Лешниците се печат на 150ºС околу 10-тина минути и откако ќе се подоладат се лупат. Не е нужно да бидат целосно излупени, протријте ги само низ рацете. Внимавајте на времето бидејќи лешниците можат многу брзо да изгорат. Доколку правите нутела со веќе печени лешници, може само кратко да ги загреете во рерна.

How-to-Roast-Hazelnuts1Додека се уште топли ги блендате само лешниците.  Треба да се прават паузи во блендирањето, бидејќи смесата ќе се загрее, помеѓу автоматска програма од 60 секунди, направете 60 секунди пауза. После 10 серии од 60 секунди пуштете само на HIGH 30 секунди. Сепак вие најдобро ќе процените колку блендање е потребно, бидејќи зависи и од самите лешници, а и од топлината на лешниците кога го започнувате блендирањето. Важно е постојано да се користи тамперот (стапчето), особено во првиот дел од блендањето кога лешниците се уште не ги испуштиле маслата, потребно е да ја буткате смесата кон ножот.

IMG_090912На крај кога смесата е веќе мазна и сјајна, можете да се блендира и без тампер и доколку е така, процесот е при крај, нутелата ви е готова т.е. сте добиле путер од лешници. За да се заврши кремот се додаваат останатите состојки и се блендираат уште кратко за да се измешаат состојките. Оставете кремот да се олади и чувајте го кремот во фрижидер. Вкусот станува уште подобар после еден ден. Уживајте!

IMG_0990121

 

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *