150 gr индиски ореви, непечени и несолени
3 чешниња лук
половина главица кромид
2 лажици маслиново масло
1 cm свеж ѓумбир
Сок од еден лимон
Зачини: коријандер, оригано, бибер и сол
Вода се додава по желба и вкус
Индиските оревчиња можат да се покиснат претходно 4 до 6 часа,
но мајонезот може да го направите и без претходно киснење. Со киснењето ќе добиете пофина, погуста смеса. Ги ставате сите состојки во Омниблендерот, освен маслиновото масло кое го додаваме на крајот. Вода додаваме во зависност од тоа дали сакаме да биде потечен мајонезот кој може да се користи и како дресинг во салати, или погуст кој одлично доаѓа намачкан на кришка леб. Може да го користите и како сос со различни јадења, а топло ви го препорачуваме во комбинација со фалафел! 
Време на блендирање со кое ке добиете фина текстура е околу 3 мин.
Мајонезот можете да го чувате во фрижидер максимум до 7 дена.
Збор два за индиското оревче – Индиското оревче содржи 5 пати повеќе витамин Ц од портокалот. Има антибактериско и диуретично дејство, како и смирува воспаленија. Изобилува со бакар, магнезиум, цинк и железо. Богати се со незаситени масни киселини,  од кои олеинска киселина особено придонесува за добро здравје на срцето и кардиоваскуларниот систем, како и  за намалување на нивото на  триглицеридите.Исто така е индиското оревче  е одличен извор на антиоксиданси и можат да бидат дел од превенцијата од рак.
Богати се со влакна и даваат енергија, како и чувство на ситост, но немаат холестерол и се препорачува да заземат место во исхраната кај луѓето што сакаат да ја  намалат телесната тежина.
Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *